Saturday

Среќна ;)


...поради сето мое фудбалско патешествие... поради сета моја храброст да знам кога и каде што требаше да пресечам и кога и каде да тргнам по нова патека... поради тоа што имав прекрасни пријатели и колеги/колешки... поради тоа што Фудбалот ме научи да гледам на животот со максимално вложување, труд и истрајност... поради тоа што имав од кого да учам... поради тоа што имав со кого да споделувам... поради тоа што сега започнувам нова патека каде јас ќе бидам Учителот, додека во меѓувреме учам и учам, беспрекорно и доживотно...
Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте низ целата моја кариера, Беласица, Единство, Шќипоњат, Кочани, Дрита, Наше Такси, Леванте Лас Планас и ФФМ со екипата за УЕФА/ФИФА Лиценци без која немаше да го стекнам тој ентузијазам за да работам и професионално како тренер во ЕУ.
Од сега стапнувам во ново професионално поле, тренерските води.
Стартувам како Прв Асистент во најдобро организираниот женски фудбалски клуб во Малта, дел од Премиер Женската Лига.
Прв натпревар и прва победа против Моста од 2:0...
Убав старт кој сакам да го споделам со сите вас, мои пријатели, каде и да сте...